Филип Наковски по нови победи на „Сараево Опен“ (фото)

Сподели со своите пријатели

После напорната и успешна сезона, Филип Наковски и кик-бокс клубот „Куманово 2006“ повторно имаат можност викендов да се натпреваруваат на интернационалниот клуб за кик-бокс дисциплини „Сараево Опен“ во Сараево.

 

Loading...

14489677_10205554476700763_644367639_o

 

Тренерот Сашо Илиевски и овој пат е во очекување на добри резултати и вели дека Наковски е подготвен на физички, но и технички и тактички палн.

Се надевам дека ќе постигне добар резултат и достојно ќе го претстави клубот, но и нашиот град. Инаку ова е клубско првенство во кое ќе се натпреваруваат повеќе клубови од државата и од Балканот и е во корелација со Кик – бокс федерацијата на Македонија и WAКО – светска кик бокс федерација – вели тренерот Илиевски.

14466958_10205554480220851_1529522758_o

 

Инаку Филип Наковски ќе се натпреварува во дисцпилина лоу-кик, категорија -86кг, а и овој пат заминува по нови успеси со поддршка од градоначалникот и локалната самоуправа како и неколку правни субјекти кои несебично помагаат во професионалниот развој на младиот боксер.