Извршниот одбор на ЛДП одржа седница во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Либерално-демократската парија во Куманово во вторник одржа седница на Извршниот одбор на партијата.

Ова е прва седница на Извршниот одбор на ЛДП која се одржува надвор од главниот град на државата, а ваквата пракса ќе продолжи и понатаму што секако ќе придонесе за поголемо приближување кон членовите на партијата и кон граѓаните, стои во соопштението испратено до медиумите.

На седницата присуствуваа претседателот Горан Милевски, генералниот секретар Дуфе Кукоски, и  членовите на на Извршниот одбор. Како што потенцираат од Општинската роганизација седницата била во функција на подготовките за претстојните предвремени парламентарни избори.