Изложбата „Коса“ вечерва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Изложбата „Коса“ од авторката Биљана Кајевиќ вечерва ќе биде отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а граѓаните ќе имаат можност да погледнат фотографии, цртежи и објекти изработени од авторката.

Косата е ставена во различни контектсти од делата на Кајевиќ, што е и причината зошто нејзината изложба го носи токму оваа име. Пред кумановската публика истата ќе се претстави со околу дваесетина дела кои ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура до 14 октомври.

 

Loading...