Нови успеси за кумановските атлетичари од Младинскиот куп (галерија)

Сподели со своите пријатели

Членовите на Атлетскиот клуб Куманово изминатиот викенд својата доминација ја покажаа на Младинскиот држвен куп во Атлетика кој викендов се одржа на Арената „Филип Втори“ во Скопје, каде се закитија со неколку први места, но срушија и неколку реокрди.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”422″]

 

Во силна конкуренција и со скоро двојна разлика од останатите атлетски тимови, кумановските атлетичари повторно тирумфираа со своите резултати.

Милан Вељковиќ кој настапуваше во вкупно шет дисциплини, како најдобар се покажа во четири од нив.

Младинскиот куп се одржа во сабота и недела. Настапив во вкупно пет дисциплини и во четири од нив го освоив првото место. Во првата дисциплина тоа 100 метри на која настапив го освоив третото место. Првите места ги освоив во дисциплините 400 метри и 400 метри со пречки. На 400 метри со пречки постигнав државен рекорд и го подобрив својот личен резултат за 2 секунди, уште две први места освоив на четири пати по 100 метри штафета и четири пати по 400 метри штафета – изјави Милан Вељковиќ, атлетичар.

Иван Тимчевски се натпреваруваше во вкупно три дисциплини, трчање на 800, 1500 и 400 метри штафетно трчање.

Со доста голема работа и труд така го поставив рекордот на 1.500 мажи до 15 години за пионерска возраст. Се натперварував исто така на 800 метри каде поставив личен рекорд, така тоа ми беше големо достигнување. Конкуренцијата беше доста голема, но со работа и со труд успеав да ја совладам – изјави Иван Тимчевски, атлетичар.

Тренерот Филип Колевски е горд на резултатите кои ги постигнуваат членовите на Атлетскиот клуб Куманово помлади од 20 години.

Севкупно го освоивме првото место, значи доминантно со многу повеќе поени од второ и третопласираната екипа и успеавме значи со тоа на крајот од годината кога ќе се соберат сите екипни натпревари да излеземе на прво место. Знали од билансот од целата година со што остануваме како екипа со најмногу бодови, односно најуспешна екипа, односно најдобар клуб за 2016 година. Искрено не очекував да се случи тоа и сум многу задоволен од атлетичарите и атлетичарките, мора да ги пофалам  – изјави Филип Колевски.

За Колевски ова е уште поголем успех споредбено со сите постигнувања од изминатите неколку години,а  во сабота кумановскиот атлетски клуб ќе биде домаќин на поединечното првенство во атлетика.

Сега останува како натпревар овде во саботата да се одржи како поединчено првенство кое нема никакво значење з аовој пласман, туку поедничено за помали деца кое ќе се одржи овдека во Куманово на оваа атлетска патека тука во Соколана – вели Колевски.

Сезоната за Атлетскиот клуб Куманово ќе заврши со Атлетскиот митинг кој традиционално веќе четврта година по ред ќе биде организиран во Куманово за деца од предшкослка возраст и атлетичари рекреативци.