Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев„ оваа година слави 90 години постоење и успешна работа.
Големиот јубилеј, едно од најстарите друштва во државата ќе го одбележат со голема прослава на средината на наредниот месец. Mанифестацијата ќе трае 3 дена, поточно од 20. до 22. октомври, со повеќе активности.
„Програмата ќе започне во четврток со дефиле на играорците низ централното градско подрачје во попладневните часови, по што во Центарот на култура ќе се отвори етно изложба, на која ќе бидат изложени носии, фотографии, награди и признанија за активностите на друштвото. Истиот ден од 19 часот ќе биде организирана и богата фолклорна вечер со 5 културно-уметнички друштва од државата и странство. Учество ќе земат домаќините КУД „Панче Пешев„ Фолклорен ансамбл Битола и фолклорно студио „Етнос„ од Скопје, КУД „Шумандија“ од Горњи Милановац, Србија и фолклорен ансамбл „Варна„ од Варна, Република Бугарија.Секое од друштвата ќе настапи со по две кореографии и дел од пејачки група, како и естрадни уметници. Ќе понудиме една богата културна вечер со квалитетна програма на игри, песни и фолклор од регионот„, – вели претседателот на КУД „Панче Пешев“, Мирослав Крстевски.

