Откако денеска на прес конференција Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ упати критика дека градоначалникот и локалната самоуправа во Куманово се виновни што наставниците навремено не ја добиле својата плата, во својата реакција градоначалникот Дамјановски категорично вели дека ова е манипулација со јавноста.
На 12ти се дадени програмите забуткани ги чуваати еве вчера пуштиле средства се со цел да се диза тензија во образованието. Локалната самоуправа тие пари не ги прима тие доаѓаат директно во трансфер на училиштата. Тоа е смислен трик ан гнасното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, значи сите градови имаат добиено плати, само Куманово не, и не знам која друга. Ние имаме поштенски еципис дека на 12 и 13ти е испратено тоа и после ми викаат извини наша грешак,а а во меѓувреме седум дена ги шприцаат луѓето дека тие пари ги потрошила општината. Тоа е начин на гнасно владеење и популизам на ВМРО-ДПМНЕ, дефинитивно со сила да се остане на власт, јас не знам што општината може да потроши пари што се трезорски и наменети за училиштата – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Тој упати апел до власта, како што вели да престане да се служи со вакви трикови затоа што народот ќе пресуди на 11ти декември.
Loading...