Жителите од улицата „Севдо Станковски“ во населбата Тоде Мендол од денес ќе започнат да чекорат по асфалтиран пат, откако денес градоначалникот на Општина Куманово ја пушти во употреба.
Loading...
Овдека беше доста уништена инфраструктурата, претходно имаат корегирано подземна инфраструктура и е напарвена улица во дожина од 135 метри, околу 850 квадратни метри, значи од тековната програма за одржувње на улици. Продолжуваме во насока овие денови да се заврши со долниот слој на улицата „Перо Илиевски“ и ќе биде завршено асфалтирање, а потоа продолжуваме со улицата „Шарпланинска“ и „Црнотравска“ е во фаза, „Братство единство“ се распишува исто така е завршено, Јоско Илиевски е отпочната вчера, така да овој дел од развојната програма има полн ефект во однос на решавање на комуналната инфраструктура – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Целиот проект во овој дел од градот зафаќа површина од 30 илјади квадратни метри и сеум илјади квадратни метри крпење на дупките по улиците.