Фото Кино клуб „Козјак” од Куманово организира Арт Фото школа

Сподели со своите пријатели

Фото Кино клуб “Козјак” од Куманово организира Арт Фото школа која ќе започне на ден 01.10.2016година (сабота) во просториите на ФКК Козјак-Куманово во Народна техника (ул.Тане Георгиевски бр.25а) со почеток од  19 часот.

Сите заинтересирани може да се пријават на е-маил адресата [email protected] или на денот на започнувањето на Арт фото школа. ФКК “Козјак” Куманово е отворен секој вторник од 19:30 часот.

Во рамките на Фото школата ќе има вкупно 15 предавања и тоа:

Прво предавање – Презентација на програма и краток историјат на фотографија

    /предавач: Мери Георгиевска дипломиран историчар на уметност

 

Второ предавање – Фото апарат и како фунционира

    /предавач: Маријана Павличек фотограф втора класа

 

Трето предавање – Бленда ,експозиција и осетливост

    /предавач: Дејан Краљевски фотограф втора класа

 

Четврто предавање – Вовед во композиција

    /предавач: Глигор Максимовски фотограф прва класа

 

Петто предавање – Композиција

    /предавач: Валентина Илијевска ликовен уметник

 

Шесто предавање – Боја

    /предавач: Валентина Илијевска ликовен уметник

 

Седмо предавање – Форми и облици

    /предавач: Мире Величковски ликовен уметник / вајар

 

Осмо  предавање – Портрет

    /предавач: Борче Кукуњавски ликовен уметник

 

Деветто предавање – Пејсаж

    /предавач: Владимир Арсовски и Дејан Гилевски фотографи

 

Десетто предавање – Улична фотографија

    /предавач: Цветан Гавровски мајстор на фотографија

 

Единаесетто предавање – Новинарска фотографија или фотожурнализам

     /предавач: Маја Јаневска Илиевска  новинарски фотограф

 

Дванаесетто предавање – Студиска фотографија

     /предавач: Боро Рудиќ мајстор на фотографија

 

Тринаесетто предавање – Сценска фотографија

     /предавач: Сашо Н. Алишевски и Татјана Ранташа фотографи

 

Четиринаесетто предавање – Графика и вовед во постпродукција

     /предавач: Ана Јовановска ликовен уметник / графичар

 

Петнаесетто предавање – Презентација

    /предавач: ФКК Козјак