Повеќе од 1,7 милиони верници го дочекаа Курбан Бајрам во Мека

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1,7 милиони верници го прославија Курбан Бајрам во Мека, извршувајќи ја светата должност хаџ.

Официјалните податоци велат дека близу 1,5 милиони верници пристигнале од странство.

На денот на Курбан Бајрам, верниците во Мека извршуваат еден од клучните делови од хаџот, имено одење седум круга околу Каба, централното светилиште во исламот.

Исто така, верниците кои се на хаџ на денот на Курбан Бајрам одат седум пати помеѓу ридовите Сафа и Марва, со што го означуваат барањето вода за време на хаџот.

Овогодинешниот хаџ трае од 24 до 30 мај, кога верниците треба да се вратат дома.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајна војна во рамките на ЕУ: Брисел сака шпионска мрежа, државите велат - „Не сме пријатели“

Курбан Бајрам, како еден од најважните празници за муслиманите ширум светот, се слави четири дена, а првиот ден од Курбан Бајрам започнува со молитва, по што следува колење на жртвата и споделување на месото со семејството и пријателите.

Курбан Бајрам е познат и како Хаџ Бајрам, токму поради хаџ поклонението, кое се извршува во Мека.