Неделна прогноза за Куманово: Температури и до 30 степени

Сподели со своите пријатели

Денеска низ Македонија ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека дневниот максимум ќе достигне високи 29 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четворица повредени при судир на „голф“ и „кавасаки“ во Куманово

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 30 степени целзиусови.

Четврток носи променливо време, со услови и за сонце, но и за дожд. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 10 до максимални 27 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кампањата на СВР Куманово успешно реализирана: Матурските прослави поминаа без инциденти

 

 

Сончево и топло ќе биде во сабота, кога ќе имаме усови за слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 27 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме променливо време со услови и за дожд и за сонце. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а температурите ќе се движат од минимални 11 до максимални 27 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на првата половина од следната работна, недела по што во вториот дел ќе следуваат врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 28-годишен кумановец, ја нападнал мајка си

Никола Ивановски