Кампањата на СВР Куманово успешно реализирана: Матурските прослави поминаа без инциденти

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со Општинскиот совет за превенција од детско престапништво при Општина Куманово, во деновите на матурските прослави на сите средни училишта од општината успешно ја реализираше превентивната кампања под мотото „Безбедно слави го успехот“.

 

 

Во рамки на кампањата, припадници на Отсекот за превенција и членовите на Советот организираа пријатно изненадување за матурантите.

 

 

Тие ги пречекуваа младите пред рестораните каде што се одржуваа матурските вечери и на секој матурант му доделија картичка со QR-код, која содржеше честитки за успешно матурирање, но и корисни совети и насоки за безбедно одбележување на овој значаен животен настан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четворица повредени при судир на „голф“ и „кавасаки“ во Куманово

 

 

Од Отсекот за превенција информираат дека акцијата била позитивно прифатена од матурантите, со кои во изминатите четири години континуирано соработувале преку работилници, трибини, едукативни предавања, како и спортски и културни настани.

 

 

Позитивни реакции пристигнале и од наставниот кадар, кој ја поздравил ваквата иницијатива и присуството на полициските службеници во близина на угостителските објекти.

 

 

– Целта беше да се придонесе за безбедна прослава и да се спречат несакани инциденти. Со задоволство можеме да констатираме дека сите матурски прослави поминаа во најдобар ред, без нарушувања на јавниот ред и мир, без инциденти и без прекршоци од областа на безбедноста во сообраќајот, истакна началничката на Отсекот за превенција при СВР Куманово, м-р Лиле Младеновска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја повеќе делови од Куманово

 

 

Од СВР Куманово оценуваат дека успешната реализација на кампањата е резултат на добрата соработка меѓу институциите, училиштата, родителите и самите матуранти, кои покажале одговорност и зрелост при одбележувањето на завршувањето на средното образование.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски