Стравичен руски напад врз Украина. Осум мртви, 11 ранети

Сподели со своите пријатели

Осум лица се убиени, а единаесет повредени во руските напади синоќа врз Дњепропетровската област.

Руските сили нападнаа три области речиси 30 пати во текот на вчерашниот ден, пишува Украинска правда.

 

 

Криви Рих и областите Синелјник и Никопол беа нападнати

Во Крив Рих загинаа две лица, 65-годишна жена и 43-годишен маж, додека четири лица се повредени, вклучувајќи деветмесечно бебе.

Тројца повредени лица се хоспитализирани, од кои 50-годишен маж е во критична состојба.

Во областа Синелјниково, во Дубовики, четири лица се убиени, а три се ранети.

Две лица ги загубија животите во Миколајевка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЛО или ново супероружје? Украинците објавија морничаво видео од бојното поле!

 

 

На мета беше и областа Никопол.

„Градот Никопол, како и населбите Марханец, Миров, Покровске и Червонохрихоривка во Никополската област, беа нападнати. Инфраструктурни објекти, куќи и автомобили беа оштетени. Три лица беа повредени. Едно 16-годишно момче е хоспитализирано во средна состојба. Уште едно 16-годишно момче и еден 21-годишен маж се на амбулантско лекување“, изјави Олександр Ханжа, началник на Воената администрација на Дњепропетровск.

 

 

Ханжа и Микола Лукашук, началник на регионалниот совет на Дњепропетровск, потврдија дека серијата напади врз поширокото подрачје на регионот започнала по 20 часот.