8 илјади евра запленети на граничниот премин Табановце (фото)
On:
Сподели со своите пријатели
Вкупно 8.000 евра биле запленети од страна на мобилните царински тимови, при контрола на германски автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
На прашање на царинските службеници, возачот пријавил дека носи само лични работи, но при контрола на возилото, во фабричка преграда што се наоѓа меѓу предните седишта, била пронајдена платнена кеса со 18.000 евра.
Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а 8.000 евра биле привремено задржани. За сторениот прекршок против возачот е поведена прекршочна постапка.