На редовниот состанот на стечајните работници кои се одржуваат секој понеделник денес беа поканети директорите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и „Водовод“ од кои побараа заостанатите долгови кои ги имаат да можат да ги исплаќаат на рати.
Се договориме да се излезе во пресрет на стејчани работници во законски рамки, бидејќи имаат право по 120 рати да дадат да се отпласи старио долг, тоа е сосема доволно за да можат стечајците да оделат по 200 денари и да си ги платат старите долгови и претпријатијата да имаат бенефит. Мило ми е што одзивот и од стечајците е добар и од директори што сакаат да помогнат и се договоривме може уште од утре да поднесеме барање во претпријатието за ова што денеска се договориве со списоци бидејќи тие ветуиваат дека веднаш ќе ни одобрат, за да може тоа веднаш да функционира за да не имаме проблеми со извршители и така – изјави Лилјана Георгиевска, претседател на Здружението на стечајни работници УНИТ.
Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Петрушевски вели дека овие граѓани имаат поголеми долгови поради неподмирени комунални такси, но дека како претпријатие ќе им излезат во пресрет во можност со сите законски процедури.
Една црта од сето ова е луѓето не бараат ништо што не е законски бараат некоја можност која е во законските рамки за работење во закон за јавни претпријатија немаме можност ниту ние ниту општината во оваа наша држава да брише долгови со тоа што сведоци сме дека општината веќе неколку години врши субвенционирање на овие лица, меѓутоа имаат стари долгови кои настанале пред субвенционирање, им останале и може да бидат предмет и на извршители и на адвокати каде што трошковите за нивниот семеен буџет ќе бидат многу поголеми за да го спречат тоа да можат да си исплатат својот комунален долг кон јавните претпријатија да го запазат со законскиот рок со договор на рати и да може тие средства да ги исплатат во еден период – вели Петрушевски.

Како што истакна заменик директорот на ЈП „Водовод“, Драган Јанковиќ станува збор за долгови настанати пред 2012 година, а подоцна со субвенционирање од општината во износ од 1200 денари, односно 900 денари за вода, 300 за комуналните такси на ЈП „Чистота и зеленило“.
Договор е сите овие активности да бидат не поединечно со секој стечаец , туку исклучително со нивното здружение, со спискови сметаме дека ќе дојдеме до договор и ќе излеземе во пресред да ги решат наталожените проблеми што ги имаат. …поединечно за стечајни работници немаме вадено се работи за списоци кои што исколучиво преку здружение ќе ни ги достават уште дополнителни проверки од нашите стручни служби и ќе дојдеме до податок за кои лица се работи и колкав е нивниот долг, врз основа на тоа ќе донесеме и соодветни одлуики за да се сервисираат нивните долгови како што треба – вели Јанковиќ.
Инаку во петок во 9 часот стечајните работници ќе излезат повторно на протест кај „Истра, каде ќе ги затворат излезот и влезот на градот во времетраење од три часа.

