Есенски температури, дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни проследени со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневната највисока температура на воздухот же се движи во интервалот од 21 до 28 степени целзиусови. Вистинско есенско време, иако календарски летото се уште не е завршено.

Во Куманово и околината денес ќе иамме болачно време со врнежи од дожд и услови за грмотевици. Ќе дува умерен ветер од западен, односно југозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови. Истата во текот на ноќта ќе биде пониска за 10 степени, за кога исто така има услови за врнежи и грмежи.

Од вторник под влијание на посвежа воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, особено во вторник. Дневните температури ќе опаѓаат и во средината на наредната седмица ќе се движат од 16 до 22 степена.