Градоначалникот Дамјановски вечерва ја отвора новата сезона од емисијата „Став“

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски вечерва ќе ја отвори втората сезона од дебатната емисија „Став“ која се емитува на телевизија „Плус“ со почеток во 20 часот.

Домаќин е Снежа Петковска која со првиот човек на Куманово ќе разговара за најактуелните прашања: кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, инфраструктурни проекти кои ги засегаат граѓаните, актуелната политичка состојба и обвинувањата од локалната опозиција, но и за аспирациите на актуелниот градоначалник од претстојните парламентарни и локални избори.