Кина и САД продолжуваат со трговските преговори

Сподели со своите пријатели

Претставници на Кина и САД ќе се сретнат оваа недела во Сеул на нова рунда преговори за трговскиот спор, пред планираната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Пекинг, објави денес кинеското Министерство за трговија.

Министерството објави дека кинескиот вицепремиер Хе Лифенг ќе биде во јужнокорејската престолнина со делегација од утре до задутре, и дека разговорите ќе опфатат економски и трговски прашања од заеднички интерес.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, на социјалната мрежа X ја потврди средбата, наведувајќи дека денес заминува на „кратка серија состаноци“ во Јапонија и Јужна Кореја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Големи шумски пожари беснеат во Флорида. Илјадници хектари изгорени (ВИДЕО)

Според него, утре ќе се сретне со јапонскиот премиер Санае Такаичи во Токио за да разговара за билатералните економски односи, додека задутре ќе разговара со Хе Лифенг во Сеул.

Потоа, тој ќе му се придружи на Трамп на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг.

Трамп треба да ја посети Кина од задутре до петок.

Ограничувањата сè уште важат

Бесент и Хе учествуваа и во претходните рунди преговори меѓу двете најголеми економии во светот.

Трговскиот спор минатата година доведе до меѓусебни царини, додека Кина одговори со ограничувања на извозот на клучни суровини, што влијаеше на индустриите низ целиот свет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на бракови во Кина на најниско ниво во последната деценија

Привремено затишје во царинската криза следеше по состанокот меѓу Трамп и Си кон крајот на октомври во Бусан, но ограничувањата, вклучително и оние за снабдување со ретки земни метали, остануваат на сила.