Оштетен ѕид е опасност за безбедноста на учениците од Општинското основно училиште „Кочо Рацин“ истакна денес Златка Божиновска на прес конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово која се одржа во близина на самото училиште.
Покрај оваа опасност која демне над учениците, во близина може да се забележи уште еден оштете ѕид кој се наоѓа кај споредниот влез во близина во близина на училишната сала, во уште полоша состојба. Не е за занемарување и фактот што насекаде во дворот околу училиштето може да се забележат дупки, искршени прозорци, откинати олуци и многу други потенцијални опасности за учениците – вели Божиновска.

Од Општинскиот комитет прашуваат што треба да се случи за да градоначалникот ја увиди состојбата во која се наоѓаат училиштата во Куманово и колку тие се безбедни за учениците.
Како прво, бараме под итно да биде сменет директорот на ова училиште кој поради негрижа ја загрозил безбедноста на учениците. Како второ, наместо со политиканство и манипулација со учениците наодговорните веднаш да го обезбедат целиот простор кој денеска повеќе наликува на некое запуштено место отколку на училиен двор каде учениците би требало безгрижно да го поминуваат своето време – истакна Злата Божиновска, член на Совет на Општина Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.


