До сабота стабилно и потопло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладнедневните часови ќе донесат услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја. Минималните температури ќе се движат од 10 до 16 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 30 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време и максимална температура на воздухот од 27 степени целзиусови, која во текот на ноќта ќе падне на 10 степени и чќе имаме услови за краткотраен дожд и грмежи.

И утре ќе биде сончево со умерена облачност и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја. Стабилно и потопло ќе биде во четврток и петок, а од сабота попладне ќе има услови за локален дожд.