Млади од Куманово на обука учеа за противпожарна заштита (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во организација на Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД), во рамки на програмата на општинскиот младински центар МултиКулти, а во соработка со Територијална противпожарна единица Куманово, денеска во Куманово се одржа едукативна обука за млади на тема „Подготвеност за пожари“.

 

 

На обуката, која се реализираше во просториите на младинскиот центар MultiКулти, командирот на Територијална противпожарна единица Куманово, Борис Станковски, заедно со пожарникарите Фљамур Милаими, Душан Цаневски и Филип Костовски, одржаа презентација за заштита од пожари и ги запознаа присутните со основната противпожарна опрема и нејзината употреба.

 

 

Во рамки на настанот, на отворен простор беше изведена и демонстративна вежба, во која професионални пожарникари практично прикажаа како се реагира во случај на пожар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово забележа пораз од лидерот на табелата Ѓорче Петров (ГАЛЕРИЈА)

 

 

Целта на обуката беше да се зголеми свесноста кај младите за важноста на безбедноста, како и за правилното и навремено постапување во ситуации на пожар.

 

 

На настанот присуствуваше и службеникот за млади од Општина Куманово, Мартин Крстиќ.

 

Никкола Ивановски