Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа средба меѓу претставници на локалната самоуправа и делегација од збратимената општина Чепеларе.

На средбата присуствуваа претседателката на Советот Ѓорѓиевска и раководителот Крстевски, кои разговараа со градоначалникот и секретарот на Општина Чепеларе, претседателот на Советот на овој бугарски град, како и група граѓани од Чепеларе.

Посетата на делегацијата од Чепеларе ќе трае два дена, а нејзината цел е запознавање со природните убавини, културно-историските знаменитости и традицијата на Куманово.

Од Општината посочуваат дека соработката меѓу двете збратимени општини се темели на пријателство, меѓусебна почит и заедничка заложба за продлабочување на односите во повеќе општествени сфери.

Очекувањата се оваа соработка да продолжи и во иднина, преку заеднички активности и иницијативи што ќе придонесат за развој и унапредување на локалните заедници, како и за подобар животен стандард на граѓаните од двете општини.
Никола Ивановски

