Уште еден посилен земјотрес пред неколку минути, поточно во 19:53 часот беше регистриран во скопското епицентрално подрачје на длабочина од 5 километри, а со јачина од 4,8 степени според Рихтер.
Земјотресот со помал интензитет беше почувствуван и во Куманово, но за скопјани ќе биде уште една непроспиена ноќ. Надлежните апеираат да не се крева паника и дека афтер шоковите на оној од вчера кој во 15:10 часот со јачина од 5,3 степени предизвика оштетување на 300 објекти и голема вознемиреност низ цела Македонија, но и регионот.