Тлото не престанува да се тресе. Европскиот сеизмички центар попладнево во 14:20 часот регистрираше нов земјотре со јачина од 3,7 степени, а со епицентар на длабочина од 5 километри.
Скопјани повторно во паника, откако вчерашниот со јачина од 5,3 ги натера да ги напуштат домовите и дел од нив ночќта да ја минат на отворено. До 11 часот утринава пријавени биле 300 објекти кои претрпеле штета од земјотресот што вчера во 15:10 го зафати Скопје и околината.