Нов земјотрес во Скопје, 300 објекти до сега пријавени со оштетување

Сподели со своите пријатели

Денеска на пладне нов земјотрес беше регистриран во скопскиот регион, со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 5 километри оддалеченост од Арачиново и Црешево, на длабочина од 1 километар, но не е почувствуван од граѓаните за разлика од оној кој вчера околу 15:10 часот ги вознемири граѓаните на Скопје и околината.

Центарот за управување со кризи соопштува дека до 11 часот утрово имало 300 јавувања за штети од земјотресот, по што стручни лица на Институтот за сеизмологија заедно со претставници од општините денеска  треба да направат увид.

Двајца кумановци пријавиле оштетување на своите домови, но станува збор за незначителна материјална штета.

 

Loading...