,,MultiКулти Талент” – промотивен настан и забава за младите од Куманово

Сподели со своите пријатели

Под насловот MultiКулти Талент” денеска со почеток во 18 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи уште еден проект на Mладинскиот центар MultiKулти oд Куманово кој започнува со активности во новата сезона како дел од проектот ,,МultiKулти Social Youth Service” поддржан од UNDP.

Главна цел на новиот циклус на активности е поддржување на младински инцијативи, промовирање на младинско учество и младински активизам во насока на интеркултурно учење и одржлив меѓуетнички дијалог. Во новата сезона ќе бидат поддржани четири младински инцијативи и проекти чија идеја и реализација ќе им биде препуштена на младите средношколци од нашиот град – вели Александра Михајловска од Мулти Култи.

Овие иницијативи ќе се реализираат во текот на наредните два месеци и сите млади кои ќе ги реализираат своите иницијативи ќе имаат константна поддршка од личен ментор кој ќе работи заедно со нив.

Настанот ,,MultiКулти Талент ” има за цел да ги промовира новите активности, но воедно и да им даде простор на младите да се забавуваат, да ги покажат своите таленти и да ги поттикне да иницираат повеќе културно-уметнички случувања во градот.

Отворениот повик сеуште трае и сите кои што сакаат да пеат, играат, свират, глумат, рецитираат или да ни покажат поинаков талент можат да не исконтактираат и да бидат вклучени во програмата.

Гостин на настанот ќе биде кумановскиот актер Чедомир Митевски кој ќе настапи со своја стенд-ап интерпретација.