За прв пат, Иран наплати таксa за премин низ Ормускиот теснец

Сподели со своите пријатели

За прв пат, Иран доби приходи од патарини за премин на бродови низ Ормускиот теснец, објави заменик-претседателот на Парламентот Хамидрез Хаџибабаеи, наведувајќи дека средствата веќе се уплатени на сметката на централната банка.

Иранските медиуми ја објавија неговата изјава без дополнителни детали за износот на приходот или начинот на собирање, објави Фарс.

Оваа мерка следеше во контекст на зголемените тензии и конфликти во регионот, вклучително и спорот со Соединетите Американски Држави и Израел.

Претходно, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави отворање на Ормускиот теснец за комерцијален сообраќај, додека Вашингтон предупреди дека ќе продолжи со поморската блокада на Иран додека не се постигне конечен договор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Додека Трамп губи сојузници, Кина ја зајакнува својата позиција како глобален посредник

Потоа, Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека теснецот е затворен додека блокадата не биде целосно укината и ги повика сопствениците на бродови да се придржуваат кон упатствата на Иран.

Иранските власти ги отфрлија и изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во теснецот, оценувајќи ги како „несигурни“, пренесува Танјуг.