Каратистите на „Мусаши“ од Куманово со две бронзи на Државното првенство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Карате клуб „Мусаши“ од Куманово оствари забележителен успех на Државното првенство за деца кое се одржа во Скопје, освојувајќи два бронзени медали во силна конкуренција.

 

 

Во категории каде што настапија и до 19 натпреварувачи, Лина Петковска го освои третото место во дисциплината кати, во конкуренција од 19 учеснички, додека Галена Димитриевска исто така се закити со бронза, во категорија со 13 натпреварувачи.

 

 

Иако без освоен пласман, со одлични настапи и прикажана борбеност се истакнаа и Клаудија Величковиќ, Марко Јовановски и Андреј Ристов.

 

 

Со освоените медали, Петковска и Димитриевска обезбедија пласман на Балканското првенство кое ќе се одржи во Истанбул.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судија натепал 22-годишен фудбалер од Куманово

 

 

Од клубот истакнуваат дека ова е нивно прво учество на Државно првенство, како и први освоени медали на вакво ниво, што претставува силен мотив за понатамошна работа и напредок.

 

 

„Горди сме на сите наши натпреварувачи и продолжуваме уште посилно“, порачуваат од Карате клуб „Мусаши“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски