Швајцарски државјанин се здобил со повреди во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Швајцарија се здобил со телесни повреди во сообраќајна несреќа што вчера околу 17:05 се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка кај месноста викана „Црн бик“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во сообраќајната несреќа учествувале товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С. (49) од Република Косово и мотоцикл марка „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, управуван од Х.С.М. (73) од Швајцарија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил швајцарскиот државјанин на кој му била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово од каде е препратен во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

По наредба на Јавен обвинител на возачот на товарното моторно возило му била одземена личната карта и патна исправа издадени од Република Косово.