Четириесет и шестгодишна кумановка била приведена вчера откако полицијата ја затекнала како питачи со малолетното дете.
– На 10.04.2026 во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Б.Ш.(46) од Куманово затоа што на улицата „Димитар Влахов“ во Куманово била затекната при питачење со малолетно дете, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, Б.Ш. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

