Шеесет и едногодишен кумановец бил приведен завчера откако полицијата утврдила дека возел со 2,35 промили алкохол во крвта.
– На 09.04.2026 во 15:55 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(61) од Куманово, информираат од Секротот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола во населбата „Ајдучка Чешма“ во Куманово, полициски службеници запреле патничко моторно возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,35 промили алкохол во крвта.
Возачот, велат од полицијата, веднаш бил исклучен од сообраќајот.
По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица.
– По целосно документирање на случајот против М.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

