Тројца приведени во липковско поради тепачака пред угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Тројца тинејџери од липковско биле приведени ноќва откако физички нападнале 25-годишник во угостителски објект.

– На 09.04.2026 во 02:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.И. (19) од село Слупчане, липковско, Ф.С.(19) село Слупчане и А.С.(22) од село Ваксинце, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, тројцата пред угостителски објект во село Слупчане физички го нападнале Л.С.(25) од село Слупчане, при што употребиле и тврди предмети.

– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре ја започнува битката за опстанок во Првата лига

Никола Ивановски