Неколку локации во Куманово денеска, а во селото Младо Нагоричане во текот на утрешниот ден, привремено ќе останат без електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат жителите од улиците „Милан Лисица“,„Боро Прцан“ и „Србо Томовиќ“.
Во истиот период без електрична енергија ќе биде и Основното општинско училиште „Толи Зордумис“.
Во текот на утрешниот ден прекини во снабдувањето ќе има во неколку маала во селото Младо Нагоричане.
Така во период од 08:10 до 14:00 часот без струја ќе бидат маалата Беламарци, Еребичарци, Вуевци, Смилчинци, како и базната станица на операторот А1.
Никола Ивановски

