Во рамки на Светскиот ден на прва помош, 10ти септември, вчера во градинката „Развигорче“ се одржа кратка презентација и обука за прва помош за најмалите но и за наставнички и воспитувачки кои се грижат за нив за времето додека тие се во градинка.

Обуката беше во организација на Клубот на млади на Оштинскиот комитет на Црвениот Крст на Република Македонија, а ја спроведоа нивните волонтери.

Дечињата покажаа голем интерес за учење на техниките од првата помош, а исто така покажаа соодветно знаење за својата возраст. За наставничките и воспотивачките потоа следуваше малку поопширна обука, но исто така имаше соодветно познавање на првата помош.

Според насоките оваа година Црвениот крст треба да ја промовира првата помош кај деца на возраст од 3 до 15 години.


