Четиринаесетгодишно девојче од Куманово се здобило со тешки повреди, откако во неа удрило товарно возило.
– На 06.04.2026 во 15:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, товарно возило „фолксваген транспортер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.
– По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово, стои во соопштението.
Никола Ивановски

