Израел: Уништен е клучниот ирански погон за производство на балистички ракети

Сподели со своите пријатели

Израелската војска денес потврди дека погодила клучен ирански петрохемиски погон за производство на хемиски компоненти за балистички ракети.

Иранските медиуми вчера објавија дека бил погоден петрохемискиот комплекс Мервдеш во близина на Шираз.

Неколку часа пред тоа, израелската авијација бомбардираше петрохемиска фабрика во Асалуџе.

„Со овој напад, израелските сили сега погодија два од најголемите петрохемиски комплекси во Иран, со што повеќе од 85 проценти од петрохемискиот капацитет на Иран стана нефункционален“, соопшти израелската војска на социјалната мрежа X.

Заедно со нападот врз иранската петрохемиска индустрија, израелските сили погодија и голема локација за балистички ракети на северозападот од земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран го отфрли ултиматумот на Трамп: Техеран не попушта, тензиите растат