Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови во следната 2017 година:
За сите граѓани на РМ
-
1 Јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден
-
7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
-
17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
-
1 Мај (понеделник), Ден на Трудот
-
24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
-
27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам
-
2 Август (среда), Ден на Републиката
-
8 Септември (петок), Ден на независноста
-
11 Октомври (среда), Ден на народното востание
-
23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
-
8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”
***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
За граѓаните од православна вероисповед
-
6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
-
19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици)
-
14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
-
1 јуни (четврток), Духовден, петок пред Духовден
-
28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
-
17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
-
1 Ноември (среда), Празникот на сите светци
-
25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
-
2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
-
22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
-
27 Јануари (петок), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
-
8 Април (сабота), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
-
23 Мај (вторник), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
-
30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
-
28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
-
21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик