Пекол во Иран: Две бебиња и десетици цивили убиени во смртоносен напад

Сподели со своите пријатели

Најмалку 18 лица, вклучувајќи две деца, беа убиени денес во воздушен напад врз иранската покраина Алборз, додека најмалку 24 лица беа повредени, според светските новински агенции и иранските државни медиуми.

Нападите, според достапните информации, погодиле густо населени станбени области во покраината што се наоѓа северно од Техеран.

Сите повредени се префрлени во локалните медицински центри, а се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.

Според извештаите, меѓу загинатите имало две бебиња.

Покрај Алборз, напади имало и врз петрохемиски фабрики во Шираз, како и врз аеродромот во Хорамабад.

Израелската војска, исто така, издаде итно предупредување до иранските цивили да ја избегнуваат железничката инфраструктура, велејќи дека таа може да биде цел на идни напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранскиот претседател: 14 милиони Иранци и јас сме подготвени да ги жртвуваме нашите животи

Милиони подготвени да ја бранат земјата

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека милиони граѓани се подготвени да ја бранат земјата, наведувајќи дека повеќе од 14 милиони Иранци се пријавиле како доброволци за одбрана.

„Повеќе од 14 милиони горди Иранци досега ја изразија својата подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да го жртвувам својот живот за Иран“, напиша Пезешкијан на платформата X.

Во исто време, дипломатските напори за постигнување прекин на огнот се во тек.

Медијаторите од Пакистан и други земји се обидуваат да започнат преговори, но Иран засега ги отфрла таквите иницијативи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Цела цивилизација ќе умре вечерва