Трамп тврди дека цел Иран може да биде уништен за една ноќ. Дали е тоа можно?

Сподели со своите пријатели

Тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека целиот Иран може да биде „елиминиран“ за една ноќ не се совпаѓа со реалните воени капацитети на Соединетите Американски Држави и Израел, според воен аналитичар.

Питер Лејтон, соработник во Институтот Грифит Азија и поранешен офицер на Кралските австралиски воздухопловни сили, пресметал што американските и израелските сили можат да постигнат за 24 часа против стотици ирански електрани и потенцијално стотици илјади мостови, пишува CNN.

Хипотетичка мисија

Лејтон, заинтригиран од тврдењето, направил пресметка за таква хипотетичка мисија, нагласувајќи дека тоа е чисто теоретска претпоставка.

Неговата анализа покажува дека шест невидливи бомбардери Б-2 можат да носат вкупно 96 JDAM бомби од 900 килограми во една мисија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Цела цивилизација ќе умре вечерва

Под претпоставка дека можат да лансираат два лета за еден ден, тоа би значело 192 бомби, ако сите ги погодат целите.

Додавајќи на тоа, заедничката американско-израелска сила од 40 авиони Ф-15, секој со шест вакви бомби, би донела уште 240 бомби.

Ова води до вкупно 332 бомби за напад на експоненцијално поголем број цели.

Проценка на можна штета

Дури и ако секоја бомба ја погоди својата цел, можеби нема да биде доволно за да се постигне целта, предупреди Лејтон.

„Тие би предизвикале одредена, и го нагласувам ова, одредена штета на секоја цел, но малку е веројатно дека би уништиле средни до големи мостови, што зависи од многу фактори“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран се закани: Ако САД ги преминат црвените линии, ќе ги прошириме нападите надвор од регионот

„Електраните се генерално огромни цели, па затоа би требало многу внимателно да се планира еден удар да предизвика значителна штета. Тие се исто така „отпорни“ бидејќи имаат многу армиран бетон во нивната основна структура.“

Сепак, Лејтон не ја исклучува штетата што би можела да се направи.

„Ако се изврши напад, генераторите можат да бидат оштетени, а резервните генератори никогаш не се при рака“, објасни тој, осврнувајќи се на електраните.

Соединетите Американски Држави, секако, би можеле да ги вклучат бомбардерите Б-1, од кои секој носи 24 JDAM бомби, или Б-52 со околу дваесет од нив.

Сепак, способноста на САД да го „елиминираат“ целиот Иран преку ноќ е во најдобар случај под знак прашалник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По израелските закани, бомбардиран мост во Иран, две лица загинаа