Водостоите и речните корита во кумановскиот регион се на стабилно ниво и не бележат значително покачување со оглед на врнежите од дожд кои изминатите денови ја зафатија целата држава, според мерењата на хидролошките станици на УХМР.
Реката Кумановка со мерна станица во населбата Доброшане, на 6ти септември во осум часот наутро била на ниво од 32 сантиметри, а веќе во 18 часот водостојот се зголемил за 11 сантиметри, со што изнесувал вкупно 43, што е и највисокиот за овие денови. Во следните денови истиот варира, односно опаѓал и се покачувал, за да утринава во 8 часот бидат измерени 42 сантиметри.
Што се однесува до реката Пчиња, со мерна станица во Пелинце, од почетокот на врнежите бележи незначително покачување на водостојот. Така на 6ти септември во 8 часот водостојот бил 30 сантиметри, за да максимумот го достигне следниот ден со пораст од 4 сантиметри, а според најновите мерења направени утринава во 8 часот истиот е на ниво од 32 сантиметри.
Крива Река пак со мерна станица во Крива Паланка има водостој висок само 13 сантиметри и не вележи никаков пад и покачување од почетокот на врнежливото време.