Без струја неколку локации во Куманово и околните села

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово и околните села денеска привремено ќе останат без електрична енергија во текот на денот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат селата Макреш, Жељувино, Алинце, Цвилинце, Дренак, Добрача, Канарево и Бајловце.

Од 08:30 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Киро Фетак“, улицата „Карл Маркс“, како и дел од улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ (сите во околината на пазарот).

Прекини од 08:30 до 14:00 часот ќе има и кај корисниците на дел од булеварот „Трета МУБ“, поточно од кружниот тек до бензинската „Лук Оил“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 1,63 промили алкохол

Никола Ивановски