Две лица од Куманово биле приведени ноќва откако полицијата кај нив пронашла материи за кои постои сомнение дека се наркотични.
– На 06.04.2026 во 01:40 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.А. (38), од Куманово Џ.Џ. (44) од село Лопате и А.Н. (33) од Куманово, затоа што при преглед кај нив била пронајдена грутчеста и прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

