На ГП Табановце приведен 47-годишник кој возел без дозвола

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишник бил приведен вчера на Граничниот премин Табановце, откако полицијата констатирала дека возел без дозвола.

– На  05.04.2026 во  10:03 часот на Граничен премин  Табановце полициски службеници го лишиле од слобода К.Е. (47) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при извршена контрола било утврдено дека управувал патничко моторно возило „мерцедес“ без возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе делови од Куманово и околните села