Триесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата утврдила дека возел со над 180 километри на час на патот Куманово – Крива Паланка.
– На 05.04.2026 во 16:30 часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка, кај село Војник, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Д. (36) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при контрола со радар било констатирано дека Д.Д. управувал патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 182 километри на час, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

