Претседателката на Здружението на стечајни работници УНИТ, Лилјата Георгиевска вчера била повикана на информативен разговор во Полициската станица Куманово.
Како што истакна самата, таа заедно со координаторот Али Османи била опомената дека не треба да протестираат утре на пладне и да го блокираат автопатот кај наплатната рампа близу Романовце.
Каков е тој закон кој важи само за нас стечајците? Зошто не важеше кога Стевчо Јакимовски распостела шатор пред Уставен, кога таксистите протестираа во Гевгелија. Само за нас истерани од работа, осудени да патиме и да талкаме да си ги бараме своите права, забрането е да протестираме – рече кратко Георгиевска во телефонски разговор.
Додаде дека под закана од полициските службеници била принудена да потпише документ дека е опомената, но од истиот не и дале копија.
Инаку, стечајните работници за денес имаат закажно протест од 9 до 12 часот и блокада на автопатот Куманово – Скопје кај наплатната рампа во близина на Романовце. Како што рече таа, овие заплашувања од властите, нема да ги предомислат во нивните барања.

