Овие локации во Куманово денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска и утре привремено ќе бидат без струја во текот на денот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:30 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат улиците „АВНОЈ“, „Лесковачка“, „Иван г. Ковачевиќ“, „Мирче Ацев“, „Нада Михајлова“.

Без струја во посочениот период денеска ќе бидат и улиците „Страшо Пинџур“; „Видое Смилевски БАТО“, „АСНОМ“, „Никола М. Брада“ и „Васко Карангелески“,

Од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат населбата Вера Которка и селата Шупли Камен и Орашац.

Утре во период од 07:00 до 13:30 часот прекини на електричната енергија ќе има кај корисниците од делот меѓу булеварот „Трета МУБ“ и улиците „Народа Револуција“ и „Гоце Делчев“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Под маски и музика одбележан 1 Април во Куманово (ФОТО)

Во истиот период утре без струја ќе бидат и улиците „Илинденска“, „Толи Зордумис“ и објектите во Трговскиот центар „СУМА“.

Никола Ивановски