Русија и Украина работат на подготовка на размена на затвореници пред Велигден, изјави руската комесарка за човекови права Татјана Москаљкова.
„Пред Велигден, денес се работи многу за подготовка за размена на затвореници“, рече Москаљкова, пренесува „ТАСС“.
Таа додаде дека пред Велигден е постигнат договор со украинската страна да „стори сè што е можно за да можат и воените затвореници да го доживеат овој празник“.
„Воените затвореници се од православна вероисповед. И во Русија и во Украина, воените затвореници ќе добијат велигденски колачиња и можност да се сретнат со свештеник“, додаде Москаљкова, пренесува Танјуг.

