Трамп: Целиот свет гледа и не може да поверува колку сме моќни и брилијантни (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во телевизиско обраќање во среда навечер изјави дека американската војска речиси ги постигнала своите цели во Иран, но не понуди јасен временски рок за завршување на едномесечната војна и се закани дека ќе ја бомбардира земјата и ќе ја врати во „каменото доба“.

Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави биле исклучително успешни во војната со Иран, а исто така рече дека целиот свет гледа и „не може да поверува колку се моќни и брилијантни“ САД.

Тој дел од говорот е репродуциран во целост во остатокот од статијата:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен советник на Трамп: Сопрете го Израел и само тогаш војната може да заврши

„Многу е важно да се стави овој конфликт во перспектива. Американското учество во Првата светска војна траеше една година, седум месеци и пет дена. Втората светска војна траеше три години, осум месеци и 25 дена. Корејската војна траеше три години, еден месец и два дена. Виетнамската војна траеше 19 години, пет месеци и 29 дена. Војната во Ирак траеше осум години, осум месеци и 28 дена. Учествуваме во оваа воена операција, толку силна, толку брилијантна, против една од најмоќните земји, 32 дена. И таа земја е опустошена и во суштина повеќе не претставува закана. Тие беа насилниците на Блискиот Исток, но повеќе не се.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешниот ирански министер за надворешни работи тешко повреден во нападите

Ова е вистинска инвестиција во иднината на вашите деца и внуци. Целиот свет гледа и не можат да веруваат дека гледаат таква моќ, сила и брилијантност, едноставно не можат да веруваат што гледаат, ќе го оставам на вашата имагинација, но не можат да веруваат што гледаат, брилијантноста на американската војска.

Вечерва, секој Американец може да го очекува денот кога конечно ќе бидеме ослободени од злото на иранската агресија и од сеништето на нуклеарната уцена. Поради чекорите што ги презедовме, блиску сме до ставање крај на злокобната иранска закана за Америка и светот. И ви велам, светот гледа. И кога ќе го сториме тоа, кога сè ќе заврши, Соединетите Држави ќе бидат побезбедни, посилни, попросперитетни и поголеми од кога било досега.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранскиот претседател: Продолжувањето на конфликтот е поскапо и позалудно од кога било досега