Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека се надева оти Европската унија ќе најде решение за деблокирање на заемот од 90 милијарди евра за Украина, пренесува „УАТВ Инглиш“.
„Што се однесува до 90-те милијарди, ова прашање е релевантно и сигурен сум дека Европа мора да го реши ова прашање: без разлика кој ја блокира, Европа мора да биде посилна од секој поединечен лидер кој генерално има антиевропски ставови“, рече Зеленски.
Тој истакна дека ова прашање мора да се реши.
„Зборуваме, потсетувам, за 45 милијарди за оваа година како транша, од кои очекуваме буџетската поддршка да изнесува приближно 17-18 милијарди, како и производство на оружје за Украина и набавка, односно од Европа или системи за противвоздушна одбрана од САД – вкупно 28 милијарди“, рече претседателот на Украина.
Како што е соопштено, Унгарија го блокираше заемот од ЕУ од 90 милијарди евра и следниот пакет санкции на ЕУ; поради нивниот став не се отвораат преговарачки кластери.
Истовремено, Унгарија бара продолжување на нафтоводот Дружба за да се деблокира заемот, наведува „UaTV“.

