Во Општина Куманово денеска се одржа работилница насочена кон унапредување на меѓуетничката соработка и градење инклузивни заедници, во организација на Центарот за заедничка основа.

На настанот учествуваа претставници од повеќе сектори – локалната самоуправа, полицијата, образовните институции, верските заедници и младинските организации, кои дискутираа за начините на спречување конфликти и јакнење на заедничкиот соживот.

Активноста е дел од поширок проект поддржан од Шведска агенција за меѓународен развој (СИДА), преку Амбасада на Кралството Шведска во Скопје, чија цел е преку едукација и ангажман на младите да се намалат етничките тензии и да се промовираат вредностите на мултикултурното општество.

Меѓу присутните беше и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, заедно со претставници од општинската администрација.
На работилницата учествуваа и претставници од шведската амбасада, меѓу кои Ким Сундстром, одговорна за демократија и човекови права и раководител на проектот, Фидан, задолжен за економски развој, како и студентите Елен и Оливер од Шведска, кои престојуваат на пракса во амбасадата.
Никола Ивановски

