Меѓународната организација за зачувување на природата IUCN објавила извештај кој предупредува дека степенот на загревање на морето влијае на однесувањето на морските видови, ги намалува рибарските подрачја и влијае на ширењето на болестите меѓу луѓето.
Во анализата учествувале 80 научници од 12 држави од светот, пишува „Гардијан“.
Поради домино ефектот многу важни сектори за човекот се наоѓаат под закана, како што се рибарски појаси, живтото покрај вода, управување со ризик на бреговите, здравјето и крајбрежниот туризам – стои во извештајот.
Површинскиот слој на океанот со дебелина од неколку метри се загреал за 0,13 степени целзиусови од почетокот на 20 век, а се проценува дека до крајот на 21 век, температурата ќе се зголеми од 1 до 4 степени.
Вкупната слика за иднината е поприлично црна – вели Дан Лафолеј, еден од авторите на анализата.
Во извештајот се наведува дека потоплата вода би може да ослободи милијарди тони замрзнат метан од морското дно и да го испушти во атмосферата. Рибите кои живеат на северниот Атлантик веќе сега ги напуштаат своите живеалишта и се упатуваат посеверно, што ќе влијае и на животот на 4,3 милијарди луѓе кои се ослонуваат на рибата за исхрана.
На човеот му се закануваат и болести како што се колера и труење со храна поради што се зголемувањето на бактериите во водата, пренесува „Гардијан“.
Loading...